Двајца македонски државјани фатени во Србија со 137 килограми марихуана

На граничниот премин Батровци српската полиција заплени 137 килограми марихуана спакувани во 319 пакети во камион со македонски регистарски таблички. Уапсени се двајца македонски државјани, Севим А. и Исмаил А. кои ќе бидат спроведени до надлежното обвинителство во Сремска Митровица.

Вредноста на марихуаната се проценува на 600 илјади евра. Дрогата била скриена во специјално изработени шуплини во дрвени летви кои служат како носачи на камионската церада, јавија српските медиуми.

Камионот на српска територија влегол од Косово, од граничниот премин Мердаре.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе