Двајца Македонци загинале во сообраќајка во Чешка

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а според чешките медиуми во несреќата загинале двајца Македонци, М.Б (30) и Д.Б.(27) од Скопје, кои се враќале кон Македонија, објави ТВ21.

Сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а чешките медиуми објавуваат дека  автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка ‘БМВ‘ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе