Двајца Кубанци нелегално се обиделе да влезат во Македонија

Двајца кубански државјани синоќа се приведени во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, откако се обиделе незаконски да ја преминат државната граница.

Како што информираат од МВР, вчера во 19:45 часот кај манастирот „Св. Илија“’ во реонот на Граничниот премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница,

Кубанците биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе