Двајца британски државјани фатени со негативни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Вчера на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, поради приложени фалсификувани негативни ПЦР тестови, од слобода биле лишени В.Б. (37) и Д.Х. (12), двајцата од Велика Британија.

Тие биле предадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.