Двајца браќа кршеле во тетовската болница и завршиле во притвор

Двајца браќа биле приведени ноќеска во тетовската полиција откако претходно агресивно се однесувале во клиничката болница и кон полицајци кои дошле за да интервенираат. Браќата дошле во болницата за да му се укаже помош на помладиот од нив.

„Околу 2.25 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А. (47) од Тетово, кој се однесувал агресивно и се обидел со остар предмет да ги нападне полицајците. Потоа удрил и еден од нив, откако дошол во тетовската клиничка болница, каде на Хируршкото одделение му се укажувала помош на неговиот брат Ј.А. (42). 

Н.А. е задржан во полициската станица Тетово за натамошна постапка. Нешто подоцна, околу 3.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле и Ј.А. (42), кој се однесувал агресивно, а претходно скршил и стакло од врата во тетовската болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Исто така, вчера околу 21 часот полицајци лишиле од слобода и три лица поради пријавено разбојништво во текот на денот.

„Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Е. (18) од Палатица, А.Ј. (24) и Ј.З. (23) од Тетово, поради сомневање дека околу 16.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, извршиле разбојништо над 19-годишниот тетовец Л.Р.  Тие физички го нападнале Л.Р. и му одзеле и пари, рече Јосифоски.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок. 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе