Поднесено обвинение

Двајца албански државјани осомничени за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, државјани на Република Албанија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Осомничените на 11 јуни се движеле со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Република Албанија. При рутинска контрола од страна на полициски службеници возилото било сопрено, при што во багажниот дел бил пронајден ранец во кој имало најлонско пакување со опојна дрога марихуана во вкупна нето маса од 1,7 килограми. Осомничените ја внеле дрогата во Република Северна Македонија преку граничниот премин Блато – Дебар со намера да ја продадат на купувачи од Гостивар“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе