Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајна несреќа

Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајна несреќа откако со автомобил излетала од патот.

Несреќата се случила утринава околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“. С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско, со „фолксваген поло“ изгубила контрола и излетала од патот.

„Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе“, информираат од МВР.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе