За време на сообраќајна контрола

Дваесет алкохолизирани возачи казнети од полицијата во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера им напиша казни на 20 возачи кај кои било утврдено дека возеле под дејство на алкохол. Меѓу казнетите се и 30 возачи чии возила не биле регистрирани.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека за време на вчерашните засилени акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 287 мерки.

За возење без возачка дозвола казнети се 30 лица, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за непочитување на брзина на движење, 10 за некористење на сигурносен појас, 11 за непрописно престројување на возила и 83 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе