Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 25-годишниот тетовец И.М., бидејќи пред тоа физички го нападнал таткото на неговата сопруга З.Ф.(57) во тетовско Јажинце.
За еден час во СВР Тетово стигнала пријава за вториот случај.
„Дваесетгодишна жителка од тетовско село вчера во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавила дека на 16 ноември годинава околу 21 часот и 30 минути била физички нападната од нејзиниот 22-годишен сопруг“, информираат од СВР Тетово.
Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на двата случаи.