Дури 1.062 возачи се движеле со брзина над дозволената вчера во државава

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1.062 возачи.

Како што информираат од Министерствити од нив, 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 572 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 490 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 209 други видови прекршоци.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел придонес за побезбедни патишта. 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе