Дрвокрадeц се обидел да згази полицајци

Вчера околу 19 часот, на земјен пат кон тетовското село Доброште, полицајци од полициската станица за граничен надзор Рогачево забележале возило - џип марка УАЗ, со тетовски регистарски таблички управувано од А.А. (61) од Добриште и дале знак за запирање на возило.

Возилото не застанало, продолжило со движење и се обидело да удри во полицајците. Тие успеале да се тргнат настрана, при што испукале предупредувачки куршум во воздух.

Шоферот побеглал од местото, но по преземени мерки, подоцна било пронајдено, натоварено со огревни дрва. И А.А. билпронајден и приведен во полициската станица во Тетово. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.       

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе