МВР

Дрвокрадци со бугарски „опел“ фатени во охридскиот регион

Полицијата запре возило „опел“ со бугарски таблички и приведе две лица кои биле затекнати како носат нелегално исечени дрва.

МВР информира дека полициски службеници од СВР Охрид ги привеле С.Ѓ.(44) од охридското село Велгошти и П.А.(35) од селото Долно Лакочереј.

Двајцата, околу 21.00 часот во атарот на селото Лескоец, биле затекнати во нелегален транспорт на огревно дрво со патничко возило „опел монтереј", со бугарски национални ознаки.

Дрвата со потврда се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе