Дрога најдена кај две лица од Скопје

Министерство за внатрешни работи соопшти дека се приведени двајца скопјани откако при преглед и претрес кај нив пронајдена е дрога. Двајцата скопјани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

„Вчера во 21:00 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов" во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода К.А.(28) и Н.Д.(31), двајцата од Скопје. При преглед кај нив и при претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, неколку пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога“, информираат од МВР.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе