Хроника

Дрога и оружје пронајдени кај двајца кичевчани

Синоќа полицијата во Кичево запрела автомобил „Сааб" со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф.М. (40), а сопатник бил П.Ј. и при преглед кај нив е пронајдена дрога, пиштол и еден куршум. Потоа бил претресен станот на Ф.М. каде полицијата пронашла марихуана и хероин.

Во соопштението на МВР се вели дека при претресот на возилото е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања , пиштол марка 'Зорки' и еден куршум.

„Потоа, по издадена судска наредба, извршен е претрес во домот и во помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајдена е прашкаста материја, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М..При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од КЗ“, информира МВР.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе