Дрога и оружје најдени во куќа во Гевгелија, сопственикот приведен

Полициски службеници вчера привеле лице од Гевгелија, откако при претрес на неговиот дом се пронајдени и одземени одредена количина дрога и оружје, соопшти МВР. Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н.(44) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. 

По претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе