Дрога и организиран комар откри полицијата во тетовска кафеана

Петнаесет минути по полноќ полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од  слобода И.Б.(39) од Тетово. При контрола извршена во неговиот угостителски објект во Тетово, како што информира МВР, биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага и реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка). Кај еден од посетителите пронајден е нож.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци.

Во објектот, исто така, бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе