МВР

Дома одгледувал марихуана, ја криел закопана блузу локалната депонија

Полициска станица Прилеп до Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 27-годишниот Е.И. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Како што информираа од полицијата на 5 септември по претходно преземени оперативно тактички мерки и истражни дејствија и по добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога од полициската станица- Прилеп извршиле претрес во домот на пријавениот на ул. „Стибера" во Прилеп.

„При претресот биле пронајдени едно стебло со корен без листови и кеса наполнета со зеленкаста материја, кои биле одземени со потврда за привремено одземени предмети. Исто така, биле пронајдени врвовите од стеблото, кои пријавениот ги спакувал во безбојно полиетиленско пакување и ги закопал во непосредна близина на локалната депонија. По извршеното вештачење било утврдено дека пронајденото стебло е растение од родот канабис сатива, а зеленкастата материја е марихуана со маса од 689,4 грама", соопштија од МВР.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе