Додека славеле Нова година од дома им украл 5000 евра

Вчера вечерта на првиот ден од 2017 година во 00.15 часот, во полициската станица во Виница, четириесет и две годишниот З.М пријавил дека предходната ноќ односно вечерта за Нова година непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.

„Додека З.М бил на новогодишната прослава од 22.00 часот на 31.12.2016 до 00.15 часот на 01.01.2017 непознат сторител влегол во дворот на неговата куќа, преку необезбедена гаражна врата. Крадецот употребил специјален алат со кој ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, извршил пребарување и одзел околу 5.000 евра, по што побегнал “ известуваат од МВР.

Од полицијата известуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе