„Див“ таксист превезувал мигранти од Куба, доби кривична пријава

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.П.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик.

На 22.09.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на влезот во Гевгелија извршиле контрола на патничко  возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, со натпис „такси“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека Д.П. не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати три лица од Куба.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе