Бил запрен кај Желино

Директорот на „Македонија пат “ и бегал на полиција за време на полициски час

Беким Мемеди, директорот на „Македонија пат" за време на полициски час и бегал на полиција со џип, дознава МКД.мк. Наместо да застане кога добил инструкции од полицијата за да му биде направена проверка за поседување на дозвола за движење, Мемеди продолжил со возилото да се движи кон Гостивар. Оваа информација ни ја потврдија и од МВР.

„На 20.05.2020 околу 21.20 часот на ул.„Илинденска" во Тетово, полициски службеници дале знак за запирање на возило џип ренџ ровер со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило со движење кон Гостивар. Во 21.40 часот на наплатната рампа Желино возилото било запрено од полициска патрола и било констатирано дека се работи за Б.М., кој се претставил како Директор на „Македонија Пат". По наредба на Јавен обвинител на лицето ке му биде издаден платен налог по член 211 став 4.", велат од МВР за МКД.мк.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе