Директор на училиште знаел дека учителот е во Италија наместо на работа и не презел ништо

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против Т.Б. (36) од с.Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување на деловни книги и против Е.С. (50) од с. Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.

Првопријавениот, велат од полицијата, во својство на директор на ООУ „Страшо Пинџур“ во с.Соколарци и покрај тоа што знаел дека второпријавениот од 28 декември 2016 до  3 јануари 2017 година не бил на работа, односно бил во  Италија, не презел мерки за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против второпријавениот, заради кршење на работниот ред и дисциплина.

Иако Е.С. неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена  во текот на една година,  за да му овозможи да го продолжи својот работен однос, Т.Б. евидентните листови за присуство на работа на вработените за учебната 2016/2017 година ги уништил, додека второпријавениот за деновите  28,  29. и  30 декември 2016 година во дневниците за работа ги евидентирал часовите како одржани.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе