ГП Богородица

Дилер од Македонија уапсен во Грција со 33 килограми марихуана

Дилер од Македонија бил уапсен во Грција при обид да прошверцува близу 33 килограми марихуана, во петокот на граничниот премин Богородица.

Според информациите на МИА, дрогата била сокриена во автомобил, а била откриена при претрес од полициското куче.

Станува збор за 36-годишен македонски државјанин.

Грчката полиција на прес-конференција во Солун, соопштила дека дрогата била рачно спакувана во 61 пакет и скриена во внатрешниот и во надворешниот дел на автомобилот. Полициската акција била организирана по претходно добиени информации.

„При темелна контрола на возилото, со помош на полициско куче, во браникот и во внатрешноста на возилото, во командната табла беа откриени 61 рачно спакувани пакети со вкупно 32 килограми и 766 грама канабис. Дрогата беше одземена, а дилерот беше изведен пред истражен судија во Кукуш кој му одреди привремена мерка притвор“, рече на вчерашната прес-конференција во Солун, Петрос Танос, шеф на канцеларијата за информации и односи со јавност на Главната полициска дирекција Централна Македонија.

Од грчката полиција на нивните официјални Твитер и Фејсбук профили јавно му се заблагодарија на полициското куче Хани за неговата „драгоцена помош“ за откриената дрога во конкретниот случај.

Хани е куче од расата белгиски овчар, специјализиран за откривање на дрога. Има 10 години, а од две годишна возраст е во грчката полиција.

 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе