Девојката од Турција е осомничена за обидот за убиство во Гостивар

Дваесет и четиригодишна турска државјанка е осомничена за обид за убиство во Гостивар. Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против неа поради основано сомневање дека се обидела да стори кривично дело убиство.

Осомничената на 19 овој месец, по претходна расправија, со умисла се обидела да лиши од живот 23-годишен турски државјанин кога со кујнски нож му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа го турнала повредениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.

За неа е побарана мерка притвор поради опасност да побегне, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци или да се обиде да го доврши делото. 

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе