Детали за случајот со телото во Горно Оризари

Девојката најдена во пластична црна кеса била убиена и фрлена покрај пат

Девојката што беше најдена во црна пластична кеса најверојатно била убиена, ставена во црна кеса, па фрлена покрај патот. Како што неофицијално дознаваме, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Ќе треба да се направи и идентификација на жртвата за да се утврди нејзиниот идентитет. 

Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала. 

Како што веќе објавивме, црната пластична кеса ја нашол вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.

Откако вчера околу 16 часот го нашол мртвото тело во пласична кеса, човекот веднаш пријавил во полицијата.

Надлежните го истражуваат случајот, а откако ќе бидат завршени анализите од обдукцијата, ќе може да се соопштат повеќе детали околу смрта кај девојката, како и тоа дали трагите ќе ги одведат надлежните кон можен осомничен.

Истрагата за случајот е во тек. 

К.Д.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе