Девојка тешко повредена по удар од автомобил

Девојка е тешко повредена откако во неа удрил автомобил мерцедес управуван од возач на возраст од 26 години. Сообраќајката се случила вчера нешто пред 22 часот. 

Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски", ул.„Димитрија Чуповски" и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов" во Скопје, патничко возило „мерцедес", со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот В.И. од Скопје, удрило во 33-годишната С.З. од Скопје.

Во незгодата С.З. се здобила со тешки телсени повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза".

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе