Девојка претепана за наводен долг од 500 евра

Вчера во 16 часот во скопската полиција било пријавено дека на улицата „Виа Игнациа" во домот на М.Д. била претепана К.Т.(18).

„Додека 18-годишната К.Т. била во домот на М.Д. во еден момент во станот дошле лицата, П.К., Д.К. и А.З. повикани од лице кон кое што наводно К.Т. имала долг од 500 евра, и физички ја нападнале со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото од што во еден момент таа изгубила свест, а лицата го напуштиле местото на настанот“, соопшти МВР.

На К.Т. и била укажана лекарска помош во Градската општа болница “8 Септември“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе