Поднесена кривична пријава

Девојка направила лажен Фејсбук профил и постирала коментари со недолични содржини

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против две девојки за злоупотреба на лични податоци.

Во првиот случај, Л.Б.(29) од Вевчани во текот на јануари оваа година неовластено презела и обработувала фотографии на две лица, по што ги објавила на нејзиниот лажен „Фејсбук“ профил и постирала коментари со недолични содржини.

А.В.(29) од Охрид, пак, во периодот од октомври 2018 до 12 февруари годинава, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе