Eдно лице загина во тешка сообраќајка на Пониква

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква.

Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.

„Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојка. Другите две лица, момче и девојка добиле потешки повреди и беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња“, исткна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Трите лица кои се наѓале во превртеното возило се од кочанскиот регион и се на приближно иста возраст.

Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани. та/цр

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе