Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.
„Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.