Деветнаесетгодишно момче тешко повреденo во сообраќајка кај село Тработивиште

Деветнаесетгодишно момче заврши во болница по излетување на патничкото моторно возило „опел корса" со кое управувал. Несреќата ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека освен возачот, настрадал и сопатник во возилото.

„На 30.05.2021 во 22:28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во село Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса" со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од село Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип“, информираа од полицијата.

По извршениот увид на местото на настанот повеќе детали за причината на несреќата од полициско одделение Делчево најавија во текот на утрешниот ден. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе