Вчера околу 8.20 часот во близина на с.Белановце, Кумановско, се случи сообраќајна незгода помеѓу комби рено со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници, и патничко возило фолксваген пасат, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово. По незгодата, на полициските службеници им била дадена помош во Општата болница Куманово, каде што им биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.