СВР Скопје

Девет сообраќајки за едно деноноќие во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно девет сообраќајки во кои седум лица биле повредени.

СВР Скопје санкцинирала 29 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени девет возачи. Од нив тројца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, петмина без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така од сообраќај биле исклучени и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло и четворица поради неправилно престројување.

Во текот на изминатиот ден издадени се 135 мандатни платни налози и 65 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе