Девет сообраќајки за едно деноноќие во Скопје

Изминатото деноноќие во Скопје се случиле девет сообраќајни несреќи од кои, во шест имало повредени лица, а три биле со материјална штета. Во сообраќајките осуммина биле полесно повредени.

СВР Скопје информира дека санкционирала 57 возачи бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 16 возачи, а од нив 12 управувале возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден бил возач почетник, а тројца возеле пијани.

Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, пет неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и двајца не користеле заштитен шлем.

Полицијата казнила 21 пешак кои поминале надвор од пешачки премин и шест кои поминале коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози, а 59 возила се подигнати со „пајак".

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе