МВР

Девет сообраќајки во Скопје, едно лице потешко повредено

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно се повредени пет лица, а во три сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 51 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и 10 возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, 10 возачи за не користење заштитен шлем,  четворица  возачи за не носење сигурносен појас и 10 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 54 возила.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе