Девет сообраќајки во изминатите 24 часа во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие во Скопје се санкционирани 41 возач за брзо возење, шест биле под дејство на алкохол, 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои во седум со лесни телесни повреди се здобиле девет лица и во две е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала 132 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак" подигнати се 87 возила.

Од сообраќај се исклучени и 20 нерегистрирани возила, четири технички неисправни и едно возило за претовар. На црвено светло поминал еден возач, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи не користеле заштитен шлем, шест за не носење сигурносен појас и 17 користеле мобилен телефон.

Снкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев" на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот"

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе