Девет лица, меѓу кои и две деца повредени во сообраќајка во Скопје

Вчера во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија" во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген", управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел", управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес", управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген", а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел", Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес", Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски", Комплексот клиники „Мајка Тереза" и Градската општа болница „8 Септември".

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе