Во Скопје

Девет лица лесно повредени во 11 сообраќајки

Девет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајки евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.

Санкционирани се 31 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај 24 лица пред да се стекнат со право на возење, како и 13 нерегистрирани возила.

Изречени се 75 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 63 возила.

Четворица возачи поминале крстосница на црвено светло, 16 не носеле сигурносен појас, 20 зборувале на мобилен, седум се престроиле неправилно.

Во текот на денот oдделението за pревенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во ЈУДГ „Детска Радост“ објект„ Темјанушка“ на подрачјето на општина Гази Баба.

Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден во ПСОН Кисела Вода реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе