ПРИЈАВЕНО ОД ЖИТЕЛ НА СЕЛОТО

Детето паднало од столб на далновод, а мајката го мачкала со кал

Вчера во 17.30 часот во полициската станица-Крушево, И.И.(30) од село Алданци пријавил дека на влезот на селото, на месноста викана Алданечки ливади имало повредено дете.

Полициски службеници од полициската станица Крушево  излегле на место на настанот, при што било констатирано дека се работи за 10-годишно дете од Прилеп, кое со семејството престојувало во селото.

Детето лежело покрај реката и било во свесна состојба, а по кажување на неговата мајка П.М., детето паднало од метален столб од далековод под висок напон, но бидејќи истата мислела дека се работи за струен удар, го однела до реката, каде го измачкала со кал.

Со возило на итна медицинска помош, детето било пренесено во Општа Болница-Прилеп, каде дежурниот лекар изјавил дека детето било во контактибилна состојба, но поради крварење во мозокот од помал обем ќе биде пренесено во Ургентен Центар-Скопје.

За настанот е запознат Јавен обвинител.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе