Дете загина во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Дете загина во тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Велес. Според МВР, вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот, патничко моторно возило рено клио со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.

Со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза" – Скопје. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе