Дете се удави во базен во Дебарски бањи

Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.

Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство, рече Димоски.

По насока на јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството.

Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.

Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат но безуспешно.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе