Малолетнички крвав инцидент

Дете избоде дете со нож, кривична пријава доби и таткото на напаѓачот

Дете на возраст од 12 години е напаѓачот што завчера со нож избоде малолетник во скопската населба Чаир. Полицијата поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје, двајца на возраст од 16 години, еден на возраст од 15 и еден на возраст од 12 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство" и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете".

Според пријавеното, малолетниците на 6 декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски" физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет го повредил 15-годишникот, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски", бил пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.

Набрзо потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има помалку од 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.
Четворицата малолетници во петокот во Бутел со нож нападнаа две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе