Детали за вчерашната сообраќајка кај Охрид: загина 78-годишен маж

Едно лице го загуби животот, а три се повредени во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот патен правец на излезот од Охрид кон Кичево. Причините за незгодата ќе ги утврди увидот што го изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Во несреќата, која се случи во 14:40 часот, учествувале „фолксваген голф“ со охридски регистарски таблички управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.Љ. (22) од Охрид, патничко моторно возило „фолксваген голф" со охридски регистарски ознаки управувано од А.Џ. (46) од Струга и товарно моторно возило „Сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ. (38) од охридското село Вапила.

ОД здобиените повреди во незгодата на пат кон болница починал сопатникот од возило „фолсваген голф“, Х.Г.(78) од Охрид. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе