Детали за вчерашната сообраќајка: двајцата возачи починале на лице место

Две лица починаа, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случи на експресниот пат Штип-Кочани, соопшти МВР.

Вчера во 14:10 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми", се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота корола", со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот А.И. од Битола и патничко возило „хонда ЦВ", со велешки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.М. од Велес.

Од екипа на Итна медицинска помош кај двајцата возачи била констатирана смрт на местото на незгодата.

Во незгодата со повреди се здобил и сопатникот од возилото „тојота корола", Б.К.(30) од Кочани, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телата на почнатите биле дадени на обдукција. Во периодот од 14.45 до 20.00 часот сообраќајот бил пренасочен по магистралниот пат Штип-Кочани", соопшти полицијата.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе