Детали за разбојништво во стан во Тетово

Тетовската полиција приведе пет лица осомничени за оруженото разбојништво на 9 август, кога од стан во градот со закана со оружје одзеле пари, телефон и златен накит од 47-годишна жена и нејзината малолетна ќерка кои биле дома во моментот. Петмината се приведени вчера, во периодот од 11 до 14 часот и 20 минути.

Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово поради основи на сомнение дека на 9 август годинава во 21 часот и 30 минути извршиле разбојништво во стан на улица „Маршал Тито" во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината малолетна ќерка. Вчера, исто така, од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 20 минути, со судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, 2 боеви и 3 куршуми за гасен пиштол и 2 метални пендреци, информираат од СВР Тетово.

Петмината осомничени задржани се во полициската станица Тетово и во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе