СВР Скопје

Десет повредени во сообраќајки во Скопје

Девет лица биле полесно повредени, а еден потешко повреден во вкупно девет сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 69 возачи кои управувале автомобили со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 21 возач. Од нив тројца управувале возило под дејство на алкохол, а 18 возачи возеле без положен возачки испит.

Од сообраќај биле исклучени 21 возило со истечена важност на сообраќајната дозвола, 98 автомобили кои биле непрописно паркирани, а со пајак биле подигнати 60 возила.

Сообраќајците казниле 28 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

 

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе