МВР

Десет лица го прекршиле полицискиот час

Во времето од 22 часот синоќа до 5 часот изутринава полицијата затекнала 10 лица кои го прекршиле полицискиот час. Воедно, на територијата на земјава се казнети 417 лица кои не носеле заштитна маска.

Во редовното соопштение на МВР се вели дека е констатирано дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на земјава, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци, наведува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе