Јавно обвинителство

Делчевското обвинителство истражува случај на можен изборен поткуп

Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека вчера, во штаб на една политичка партија во Македонска Каменица, кандитат за советник му дал 1.000 денари на лице со избирачко право за да гласа за таа политичка партија.

Во соопштението се вели дека јавен обвинител дал насоки и дека се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци поврзани со пријавениот случај.

Вчера МВР преку соопштение извести дека случајот го пријави 19-годишно машко лице од селото Цера кај Македонска Каменица и дека пријавеното дело е казниво според Кривичниот законик по чл.162 ст.ав.

„Според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1.000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија“, пишува во соопштението на МВР.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе