Деца на возраст од 3 и 4 години повредени откако жена со автомобил удрила во куќа

Две деца се повредени во сообраќајка во Кавадарци откако жена со автомобил завршила во ѕид од куќа. По ударот повредени се и жената на возраст од 32 години, и двете деца на возраст од 3 и 4 години. 

„Вчера во 16:30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов" во Кавадарци, во која автомобил „мерцедес" со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени и сопаниците, две деца, од три и четири години. Повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот“, појасни Додевски.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе