Дебрештанец преку Фејсбук запознал малолетничка и повеќе пати ја силувал

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице од село Дебреште, осомничено за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во временскиот период од почетокот на месец април 2020 година до 20.07.2020 година, во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп, извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.

Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела оштетената. Кога пристигнал, тој побарал од неа да влезе во возилото на совозачкото седиште, со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која оштетената му ја испратила претходно на Фејсбук. Оштетената влегла во возилото, по што тој ја однел на друга локација и извршил обљуба врз неа, иако таа за цело време давала активен отпор.

На 18 јули, повторно со уцена, осомничениот ја принудил оштетената да влезе во возилото, па заедно отишле во домот на осомничениот во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на оштетената и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде биле оставени сами. Осомничениот, во една од собите, без согласност на оштетената извршил обљуба врз неа.

На 20 јули, криејќи се од полицијата, осомничениот ја донел оштетената во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без согласност на оштетената, извршил обљуба врз неа.

Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе