Поднесена кривична пријава

Дебарчанец зел 25 илјади евра на заем, ветил дека ќе врати 35 илјади, а не вратил ништо

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д. (54) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Во текот на декември 2018 година во Малме, Шведска, пријавениот од Л.Е. (67) од Дебар, со престој и работа во Малме, зел на заем 25.000 евра и врз основа на устен договор се обврзал во рок од шест месеци да му врати 35.000 евра, но досега му ги нема вратено.

Л.Е. на пријавениот парите му ги дал во присуство на уште едно лице.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе